Ѓукановиќ отповика бројни амбасадори вклучувајќи го и амбасадорот во Белград Тарзан Милошевиќ

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ издаде декрет за отповикување на неколку амбасадори на резидентна и нерезидентна основа, вклучувајќи го и амбасадорот во Белград Тарзан Милошевиќ.

Иницијативата за повлекување ја покрена Владата.

Како што соопшти неговиот Кабинет, Ѓукановиќ ги отповикал амбасадорите на резидентна основа во Босна и Херцеговина, Србија, Италија, Кина, Германија, Полска, Светата Столица, Суверениот Малтешки Ред и Обединетите Арапски Емирати.

Тој исто така ги отповика амбасадорите на нерезидентна основа во Бахреин, Естонија, Индонезија, Кувајт, Летонија, Литванија, Малта, Република Кореја, Сан Марино и Саудиска Арабија.

Ѓукановиќ ги повика граѓаните врз оваа иницијатива на Владата за повлекување на амбасадорите да проценат дали новото мнозинство се фокусира на создавање професионална дипломатска служба или демонстрира моќ по изборите.

– Според мене, станува збор за реваншизам со кој новата Влада го покажува своето вистинско политичко лице, и на крајот одговорноста кон државата, изјави црногорскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот