Фото: rkalkaloid.mk

ГРК Охрид со голема победа над Алкалоид за скок на третото место

Ракометарите на ГРК Охрид запишаа значајна победа во дербито од Суперлигата, совладувајќи го Алкалоид со 28-24 на домашен терен. Со овој триумф, охриѓани го презедоа третото место на табелата, токму пред денешниот противник.

Натпреварот започна израмнето, но при резултат 4-4, избраниците на Ројевиќ направија серија од четири гола и ја презедоа контролата врз мечот. На полувреме водеа со убедливи 17-11, што беше резултат на одличната тимска игра и ефикасноста на Тилен Стрмљан, кој беше незадржлив со 9 гола во првиот дел.

Во продолжението, Алкалоид се обиде да се врати и успеа да се доближи на 22-20, но Охрид веднаш одговори со два брзи гола на Анте Иванковиќ и повторно ја стабилизираше предноста. До крајот, домашниот состав рутински го контролираше резултатот и на моменти имаше и предност од седум гола.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Тилен Стрмљан со импресивни 11 погодоци, додека Анте Иванковиќ додаде седум. Кај Алкалоид најрасположени беа Дамјан Митев со шест и Марко Митев со пет гола. Голманската линија на Алкалоид не успеа да одговори на притисокот, додека Пилиповиќ кај Охрид имаше дури шест успешни интервенции.

Со оваа победа, Охрид влегува во сериозна борба за врвот на табелата, додека Алкалоид ќе мора да се консолидира ако сака да се врати во старата форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот