Фото: Слободен печат

Грев ли е да се слави Ноќ на вештерките и верувате ли во ново Конти? Утре во „Слободен печат“

Дали е грев да се слави Ноќ на вештерките кај нас? Дали се намалува вредноста на нашата традиција со помпезното одбележување на туѓи обичаи? Има ли овој празник некаква поврзаност со нашето поднебје? Што претставува Халоуин и од каде потекнува? „Слободен печат“ ќе се обиде да ви ги разјани фактите за Ноќта на вештерките и какво влијание има присуството на овој празник кај нас. Гледајте го интервјуто со етнологот Владимир Благојевиќ.

Каква е улогата на меѓународните саеми како можност за промоција на потенцијалите на земјата, гледајте во интервју со Горан Илиевски, преставник на Македонците во Србија и Анџелка Савиќ претставничка на Саемот за туризам од Нови Сад.

Следува анкета во која ги прашуваме граѓаните дали веруваат во пирамидални штедилници после Конти.

И за крај разговор со тројца деведесетгодишни пензионери кои ги споделуваат нивните животни искуства преку хумор и мудрости за животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот