Гренландската ледена плоча забрзано се топи и е најмала од 1948 година

Гренландската ледена плоча минатата година се намалила најмногу од периодот кога во 1948 година почнаа да се бележат податоците за неа, покажуваат најновите истражувања.

Лондонски „Индипендент” пренесува дека истражувачите откриле  дека големиот пад на површинската маса го предизвикале не само високите температури на воздухот, туку и одредени атмосферски услови кои станале зачестени заради климатските промени.

„Со децении го уништуваме мразот што настанувал со илјадници години”, изјави раководителот на истражувањето Марко Тедеско, истражувач во опсерваторијата Ламонт-Доерти на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Ледената плоча на Гренланд, втора по големина во светот, покрива 80 отсто од островот. Минатата година загуби приближно 600 милијарди тони вода, што придонесе за раст на глобалното ниво на морињата за околу 1,5 милиметар, се наведува во истражувањето објавено во магазинот „Криосфера”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот