Плажа во Сивота, Грција/ фото: Драган Митрески

Грците инкасираа еден милион евра од казните за дивите чадори на плажите

Грчките власти влегоа во битка против комерцијалното користење на плажите за кои не се склучени договори за концесија. Резултатот е повеќе од 1.000.000 евра казни, објави бугарската телевизија НОВА. Во Атина веќе се затворени три локации. Летово се покажа дека има неколку делови од крајбрежјето кои се оградени од „претприемливи бизнисмени и се собираат пари од посетителите на плажите – за чадори, лежалки и слично.

Има и кафеани што „процветале“ покрај морето без дозвола. Минатиот месец стана јасно дека од почетокот на сезоната на годишни одмори, има над 1.000 поплаки за нелегална експлоатација на плажите на Крф, Халкидики и околината на Атина.

Властите користат дронови и сателитски снимки за да ги пронајдат прекршителите. Особено корисна е новата апликација „Mај коаст“, преку која секој турист може да пријави неправилности до контролните органи. Очигледно е дека обидот на арогантните бизнисмени да располагаат со плажите како да се нивна „татковина“ се обидува да никне и на грчко тло. Меѓутоа, за разлика од Софија, Атина не се справува со прекршителите, туку ги лови и ги казнува со строги казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот