Грчкото министерство за образование бара онлајн испити на факултетите што се затвoрени поради студентските протести

Протести во Атина/ Фото: МИА

Со цел студентите да не го загубат семестарот на факултетите што моментално се затворени поради реакциите против владиниот предлог-закон за приватни високообразовни институции, министерот за образование на Грција Кирјакос Пиеракакис преку циркуларно писмо појаснува дека испитите може да се спроведат онлајн.

Пиеракакис, преку дописот побарал од ректорите в понеделник да одржат вонреден состанок за образовниот процес на универзитетите што е во прекин.

Откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави дека во земјата ќе се отворат приватни факултети, студентите одговорија со протести и опсади, со што над три седмици нема предавања, а факултетите се затворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот