Грчева за договорот со „Бехтел и Енка“: ДУИ ќе се наполни со пари, ќе ги купат следните избори

„Избрани се најевтините патишта, а ќе се платат огромни суми“, вели поранешната пратеничка Солза Грчева за договорот со „Бехтел и Енка“, американско-турскиот конзорциум на кој Владата преку носење специјален закон му ја додели изградбата на автопатиштата на европските коридори коридори 8 и 10д во земјава.

„Овие не се кадарни да го направат тој пат. Па, тие не можат дупки да затворат, не пат ќе градат. Оваа владa ниту еден километар не изгради, а сега брзо на раменици ќе бутка ваков мега проект. Станува збор за минимални делиници од 108 км, додека целата траса на коридорите е 700 километри. Значи земени делнци кои се лесни за изградба и тие ќе ги изградат. А притоа не се штедат средства и се потплаќаат новинари од жолт печат за одбрана на проектот“, рече Грчева.

Таа спореди како јавноста во Косово го коментирала овој конзорциум. Во контекст на тоа коментираше зошто амбасадорката на САД присуствува на настаните поврзани со проектот.

-Спорно е што американската дипломатија се меша во бизнисот. Во Косово американскиот амбасадор толку лобирал, што го исмеваат во стрип наречен Пимпсонс наместо Симпсонс, од пимп, на англиски или проводаџија. Истиот тој амбасадор завршува како претставник на Бехтел во Мозамбик – рече Грчева.

Според неа назначувањето на Груби за координатор на проектот е „поигрување со јавноста“.

-ДУИ ќе се наполни со пари и следните избори нема да ме чуди ако си ги купат изборите – рече Грчева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот