Граничните премини меѓу Србија и Црна Гора „под опсада“ на туристи

Гужва на српско-црногорска граница/ Фото Принтскрин Н1.рс

Во сезоната на летни одмори, многу Срби, но и многу странци кои поминуваат покрај Србија, се упатија кон црногорското приморје. Километарските редици се вистинска главоболка за возачите, пишува српски „Блиц“.

Граничните премини Гостун и Добраково се меѓу најфреквентните, кои од раните утрински часови се преполни од туристи кои чекаат во редици да ја поминат границата и да влезат во Црна Гора.

– Повеќе од два часа чекаме барем да се мрднеме од местото, сите се враќаат од одмор и затоа редиците се огромни и не можеме да го видиме крајот на нашата агонија. Заглавени сме во кањонот Лима кој води до граничниот премин Добраково кон Србија. Уште една тортура претрпевме на излезот од новоотворениот автопат, каде има големи гужви на излезната наплатна рампа – изјави еден возач за Рина.

Ништо подобра не е состојбата и на граничниот премин Јабука, каде сообраќајот е во застој поради големиот број на туристи, но со значително помало чекање.

Надлежните апелираат доколку одите на патување, да користат алтернативни патишта, како и да носат доволно вода и храна со себе поради високите температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот