Градоначалникот на Прилеп со молба до младите: Oграничете ги секојдневните активности и контакти

Поради зголемениот број заразен персонал во градската болница „Борка Талески”, ќе се редуцира лекувањето на пациентите.

По вчерашната дневна бројка од 38 новозаболени, највисока досега, денеска во Прилеп се регистрирани нови 36 заболени, а едно лице на 73 години починало. Бројката на заразени од почетокот на пандемијата премина преку 1000, поточно се регистрирани вкупно 1009 заразени од коронавирусот.

Поради наглото влошување на ситуацијата на зголемувањето на бројот на заболените, прилепскиот кризен штаб денеска нагласи дека строго ќе се  контролира спроведувањето на мерките во сите сегменти,: во јавниот градски превоз каде бројот на патниците се намалува за 50 насто, строга контрола на организираниот превоз во фирмите, контрола на угостителите со работно време до 23 часот, на градскиот пазар каде утре е намалено работното време до 15 часот. Јавните и државните институции во градот да работат во смени или он-лајн, порача денеска кризен штаб во Прилеп.

Прочитајте и...  Возеле без регистрација и без возачка дозвола, МВР изрече 113 мерки во Центар

Според градоначалникот Илија Јованоски заболените се главно млади, на возраст од 20 до 39 години и затоа побара да ги избегнат групирањата и одговорно да ги почитуваат мерките.

– Со целосно разбирање за потребите на младите да се дружат и забавуваат, потенцирам дека е особено важно младата полуцација да ги ограничи и редуцира своите секојдневни активности и контакти, рече Јованоски.

Две текстилни фирми се затворени на 20-ина дена поради вработени, позитивни на коронавирусот.  Досега 30-ина ученици од две училишта се во изолација поради заболени наставници, а поради воспитувачки позитивни на корона. Во меѓувреме, вирусот 35 деца од две градинки се во изолација. Јованоски вели дека во другите училишта состојбата се контролира.

– Во изминатите триесеттина дена од нејзиното формирање, Комисијата за вршење контрола над спроведувањето на мерките и препораките за заштита од Ковид-19 врз институциите од општинска надлежност, изврши повеќе контроли во основните и во средните училишта, како и во детските градинки. Заклучокот на Комисијата е дека во најголем дел од овие институции, доследно се спроведуваат протоколите за заштита од вирусот, а онаму каде што беа констатирани пропусти во работата дадени се напатствија за нивно итно коригирање, изјави Јованоски.

Прочитајте и...  Д-р Бошкоски: Зголемениот број случаи на Ковид-19 во Северна Македонија е последица на однесувањето на секој поединец

Од граѓаните се бара совесност. Прилепчани пак нагласувата дека од личната одговорност зависи здравјето, но несовесноста се уште ги остава турканиците пред банките. Други пак бараат затворање на кафулиња, обложувалници, па дури и полициски час за да се намалат бројките на заразени.

Во меѓувреме, Драган Богоески, директор на градската болница „Борка Талески”, денеска изјави дека одделенијата во прилепската градска болница ќе функционираат, но со редуцирани зафати откако во моментов се регистрирани 10 заболени од коронавирусот, медицински сестри и болничари.

-Имаме зголемување на бројот на заболени здравствени работници, позитивни на корона-вирусот. Бројот е 10 заболени здравствени работници. На хируршкото оддение заболени се три медицински сестри, една медицинска сестра во невропсихијатриското одделение, на интерно одделение се четири медицински работници и има уште двајца од персоналот што достигна бројка од 10-ина заболени, изјави  Богоески.

Прочитајте и...  Бајден ја разгледува кандидатурата на генерал Остин за шеф на Пентагон

Поради зголемениот број заразен персонал, ќе се редуцира лекувањето на пациентите.

-За да одговориме на барањата на пациентите и на недостигот од персонал, со одредени редукции во сменското работење, ќе одговориме на потребите, рече Богоески.

На инфективното одделение капацитетот за прием на пациенти е полн. Богоески  смета дека ќе се бараат простории  на одделението на уво, нос и грло, а и во соседните градови, евентуално во Кавадарци. 

Поврзани вести

ВИДЕО: И мртвите немаат мир, азербејџански војници сквернават ерменски гробови

Слободен печат

Откриено која крвна група е поотпорна од другите во однос на коронавирусот

Слободен печат

Турција бележи негативни рекорди, 182 смртни случаи од ковид-19 во последното деноноќие

Слободен печат

ВИДЕО: „Бомба“ или само петарда: Откриена вонбрачната ќерка на Путин, тинејџерка е и милионерка!?

Слободен печат

Костовски до Заев: Не е доволно да се каже дека е Македонец, нека одговори на некои прашања

Слободен печат

Техеран: Протести поради убиство на истакнат научник

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian