Градоначалникот на Лaвов: Аеродромот не беше погоден

Експлозии во Украина / Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Градоначалникот на Лaвов, Андреј Садовиј, потврди дека експлозиите кои се слушнале утринава ја погодиле областа во близина на градскиот аеродром, но не го погодиле самиот аеродром.

Тој го објави ова на својот канал Телеграм.

Садовиј напиша дека руски ракети погодиле област во близина на аеродромот во Лaвов. „Сè уште не можам да ја кажам точната локција, но дефинитивно не е аеродромот“, рече тој. Тој ги повика луѓето да не споделуваат фотографии од местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот