Готово: Милик се враќа во Италија и ќе игра за Јувентус

Аркадиуш Милик ќе го носи дресот на „Старата дама “ од Торино/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Полскиот 28-годишен напаѓач Аркадиуш Милик ќе ја продолжи професионалната кариера во редовите на Јувентус, информира новинарот Фабрицио Романо.

Досегашниот клуб на Милик, Олимпик Марсеј уште во среда ја прифатил понудата на „Старата дама“. Минатата сезона во француската „Лига 1“ овој фудбалер запиша седум голови во 23 настапи.

Полјакот до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе игра во Јуве како позајмица вредна еден милион евра, со евентуален милион евра повеќе низ бонуси.

Италијанскиот клуб после тоа ќе може да го купи Милик, а доколку се реши за таа опција ќе треба да издвои уште осум милиони евра. За денеска се очекува да пристигне во Торино на лекарски прегледи.

Милик во својата кариера има само еден трофеј, со екипата на Наполи во сезоната 2019/2020 во италијанскиот Куп. Интересно, тогаш во финалето играше токму против Јувентус, и беше херој на „наполитанците“ во пенал серијата постигнувајќи го победничкиот гол за освојување на куп титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот