Готово: Килијан Мбапе ќе биде најплатениот фудбалер на планетата!?

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Француски „Паризиен“ објави информација дека Килијан Мбапе се договорил за нов двегодишен договор со Пари Сен Жермен.

Доколку веста на угледниот француски весник е точна, тоа значи дека репрезентативецот на „триколорите“ ќе остане во дресот на „светците“ иако веќе подолг период се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид.

ПСЖ му понуди да биде најплатениот фудбалер на планетата и заштитно лице на клубот, а тој директно водел преговори со катарските сопственици.

Наводно, Мбапе ќе добива бонус од 100.000.000 евра и рекордна плата од 50.000.000 евра по сезона.

Мбапе има 23 години, а во ПСЖ е од 2018 година кога пристигна од Монако за 145.000.000 евра.

Тој оваа сезона одигра 43 натпревари и постигна 35 гола и запиша 23 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот