Гостување во Белград: Триото „Аура“ настапи на БУНТ

Македонскиот камерен состав „Аура“, по покана на меѓународниот фестивал БУНТ (Белградска уметничка нова територија), на 11 декември одржа целовечерен концерт во Белград. Триото се претстави со дела од Лефевр, Коетсиер, Димушевски и Пјацола, а концертот се одржа во познатата сала „Гуарнериус“.

Триото „Аура“ го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Сите работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали, како солисти и камерни музичари, во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија, за кои добиваат позитивни оценки.

Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти во својата земја и во странство, тие несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија. Триото често изведува премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав. Нивното заедничко камерно музицирање, го карактеризираат изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 60, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот