Гостиварскиот огранок на ДУИ остана без ниту еден претставник во извршната власт, разрешен и Ресми Ејупи
Разрешен е и последниот претставник во актуелната извршна власт од огранокот на ДУИ во Гостивар, поточно државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Ресми Ејупи, соопштува фракцијата на ДУИ.
Препорачано
Со разрешувањето на Ејупи и претходно на Башким Хасани, еден од најголемите ограноци на ДУИ, како што е гостиварскиот огранок, останува без ниту еден претставник на ниво на трите владини ешалони, што се случува за прв пат од формирањето на ДУИ.
-Од вчера повеќе не ја вршам функцијата државен секретар во Министерството за труд и социјална политика и тука вреди да се нагласи дека единствена причина поради која сум разрешен од оваа функција е ЈАВНАТА ПОДДРШКА ЗА РАЗЛИЧНОТО МИСЛЕЊЕ ВО ПАРТИЈАТА. Ниту една форма на политички реперкусии нема да ме спречи да го искажам слободното мислење и да поддржувам мислења што мислам дека се во корист на општеството. Продолжувам да ја поддржувам и да бидам дел од „Огнената група“ и дел од тоа мислење кое според мене е во корист на општеството воопшто, и на ДУИ како политичка партија, напиша Ресми Ејупи на социјалните мрежи.
Тој за државен секретар во Министерството за труд и социјална политика е назначен во 2020 година од страна на раководството на Огранокот Гостивар, кога претседател беше Башким Хасани.


