Полиција / Фото: МВР

Гостиварец фатен како краде во манастирот „Преображение Христово“

Педесет и петгодишен маж од гостиварско вчера бил фатен како каред во манастирот „Преображение Христово“.

Лишен од слобода крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква, а се сомничи дека и претходно вршел кражби во верски објекти

„На 23.11.2025 во 10:30 часот во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ѓ.А.(55) од с.Беловиште, гостиварско. Тој е затекнат при извршување кражба во манастирот „Преображение Христово“, при што одзел пари. Исто така, тој се сомничи дека во текот на изминатите шест месеци неколку пати извршил тешки кражби во верски објекти во Гостивар“ соопшти МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот