Горивата со нови, повисоки цени- Слободен печат

Горивата со нови, повисоки цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи од ноќеска на полноќ цената на бензините да се зголеми за 1,5 денари, а на дизелот и екстралесното гориво за денар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар. Еден литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари, а екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,343 денари и еден килограм од тој енергенс ќе чини 36,081 денар.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,35 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

Прочитај повеќе

Традицијата на Абориџините е спасот за Австралија

Слободен печат

Каде е Путин? (ВИДЕО)

Слободен печат

Мадуро: Трамп има одвратни советници за Венецуела

Слободен печат

Шведската амбасада во Сараево го посочи Скопје како пример за превенирање на аерозагадувањето

Слободен печат

Членови на нарко картел преку тунел избегаа од затвор

Слободен печат

Гутереш повика да се реагира неодложно и одлучно за Либија

Слободен печат

Остави Коментар

thirteen + twenty =

Прочитај повеќе

Ердоган: Договорот помеѓу Турција и Либија ја полуде Грција

Слободен печат

Во Србија никогаш немало помалку жители од денес

Слободен печат

Светските лидери постигнаа договор за финалниот документ со кој ќе се реши кризата во Либија

Слободен печат

Светските лидери утре на економскиот форум во Давос

Слободен печат

Дел од Драчево и Ѓорче Петров утре ќе останат без струја

Слободен печат

Милановиќ сака да ја повлече армијата од Авганистан: Постојат добри аргументи против ова

Слободен печат