Ѓорческа без загубен сет до трофејот во Франција!

Фото: facebook.com/aco.lukaroski

Денеска во финалето во двојки Лина Ѓорческа заедно со Амандин Ес триумфираа и го освоија ИТФ турнирот во Калви, Франција.

Во завршната битка за трофејот македонската и француската тенисерка беа подобри од домашните натпреварувачки Одри Алби и Леолиа Жанжан со резултат 2:0 по сетови 7:5 и 6:4.

На патот до финалето Ѓорческа и Ес исто така славеа победи против француски тенисерки, во првото коло против Келиа Ле Бихан и Малори Ноел со 6:2 и 6:1

Потоа, во четвртфиналето беа елиминирани Флави Бруњон и Обан Дроге двапати со 6:2, а на претпоследната пречка со 6:4 и 6:4 триумфираа против Луси Нгујен Тан и Жад Суврејн.

Се очекува Ѓорческа после овој успех да напредува и на ВТА ранг листата, таму во двојки се наоѓа на 231 место, а во поединечна конкуренција е на 339 позиција.

Видео на денот