Горан Ангелов-Ќосето / Фото: Фејсбук

Горан Ќосето излезе од затвор, објави слика со бел гулаб и скршени пранги

Горан Ангелов-Ќосето, осуден на 11 години затвор за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, е условно пуштен на слобода откако одлежал две третини од казната, потврдил тој самиот за „МКД.мк“.

Ангелов се жалеше на низа здравствени проблеми додека беше во затвор и неколкупати добиваше прекин на издржување на казната.

Излегувањето од „Идризово“ тој го одбележа со фотомонтажа која ја објави на „Фејсбук“ – на неа се гледа Ангелов во победничка поза и со скршени пранги, бел гулаб кој симболички летнува кон слободата, како и портрет на Андон Лазов Јанев – Ќосето, револуционерот и член на историското ВМРО, по кого Ангелов го носи прекарот.

Покрај фотографијата, тој објави и генерирано видео со слични мотиви:

За насилството во Собранието на „крвавиот четврток“ беа осудени вкупно 16 луѓе, на казни од 7 до 16 години, за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Почина Игор Југ, кој беше осуден за „27 април“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот