Голготата на Македонци додека стигнат во својата татковина: Наш колега си го одзеде животот бидејќи не можеше веќе да ја трпи неизвесноста

Гладни, жедни и неспиени два дена стоеле со куферите и чекале на граница за влез во нашата земја, притоа не ми било дозволено да одат ниту во тоалет.

Група Mакедонци на крајно нечовечен и мизерeн начин пред два дена пристигнале во својата родна земја, откако 63 дена минале на море во карантин, а кога низ целото патешествие се приближиле до македонската граница, односно кога помислиле дека конечно се дома, во текот на ноќта биле спроведени во државен карантин, дополнителни 14 дена.

Станува збор за прилично голема група Македонци, кои работеле за американска круз компанија и кои до нашата редакција упатија молба да ја пренесеме нивната голгота, која ја доживеале периодов додека да пристигнат до својата родна земја.

– Ние сме 92 Македонци кои работат во Американската круз компанија кои одат на брод да печалат пари за да се вратат дома во родната Македонија за да ги потрошат. Да спечалат пари да овозможат на следбениците. Што сме ние за нашата држава? Моменталната состојба која го потресе светот не погоди и нас морнарите. Нашата компанија прогласи карантин на 16ти Март и така ние останавме заглавени по бродовите, паркирани со сидро на сред океан, почитувајќи ги сите мерки дадени од Центарот за Заразни Болести во Америка. Строгите мерки налагаа да се поминуваат 20 часа во соба, а 4 часа ни беа распоредени за оброци и кратки паузи- пишува на социјалните мрежи Маја Наков, вработена на крузер.

После еден месец во карантин на брод, морнарите биле транспортирани на друг брод од каде што требало да запловат за Европа, бидејќи аеродромите се затворени.

– Не запловивме… По две недели стигна писмо дека ќе мора да преминеме на друг брод со спасувачко бродче бидејќи ние Балканците сме посебни. Еден од нашите колеги си го одзеде животот бидејќи неможеше веќе да ја трпи неизвесноста. Запловивме дури на 2ри Мај, пловевме преку океанот цели 15 дена и стигнавме во Англија. Така после 63 дена карантин, преминувавме од еден брод на друг и повторно пловење 15 дена без никакви конкретни ветувања. Конечно стигна информација дека ние Македонците ќе си одиме ДОМА од Англија. Сите преплавени од емоции неможеа да веруваат дека всушност тоа е вистина- пишува Наков.

Прочитајте и...  „Спејс Икс" подготвена за „историски" лет до Меѓународната вселенска станица

Тргнале во 4 часот наутро на аеродром, чекале 7 часа за да полетаат. Аеродромот во Лутон бил  затворен, а тие немале ништо за јадење, ниту за пиење.

– Така полетавме и слетавме во Софија. Бидејќи нашата држава е единствена која се грижи за здравјето на граѓаните и прогласивте уште 14 дена вонредна состојба, па не можевме во Скопје. Во Бугарија добивме целосна кооперација, сите насмеани не примија, ни дадоа вода и набрзина ни ги средија сите документи за да тргнеме. Патувавме до бугарската граница и моравме пешки да ги преминеме двете граници- пишува Наков.

Кога стигнале на македонска граница, оттука започнало нивното патешествие… Им ги земале пасошите без никакво објаснување. Чекале повеќе од еден час да стигне последниот автобус, биле изгладнети, жедни и изморени, но стоеле со куферите и чекале.

Кога пристигнал автобусот добиле информација дека всушност ќе одат во Охрид, каде ги чека уште 14 дена државен карантин. Тие обвинуваат дека молеле за основни потреби, како вода и тоалет, а целата ситуација ја набљудувала македонската полиција однадвор, бидеќи за нив било дозволено да направат пауза за пушење цигара и тоалет, но не и за Македонците кои се враќаат од карантин во кој веќе не се бројат минатите денови.

– Тргнавме наместо за Охрид за Табановце да земеме уште некои луѓе кои чекаат. Патувавме 7 часа без никаква пауза. Молевме да застанеме некаде само на 5 минути да користиме тоалет. Молевме за вода, удиравме по прозорите на автобусот, целата таа ситуација ја гледаше нашата полиција од надвор каде застанувавме тие да пушат цигара. Молевме но ништо… Никој не ни обрна внимание, како да не постоеме. Не третираа како да сме некои криминалци или жариште на болести, како да сме сите болни, никој несакаше ни оддалеку да разговара со нас. Што сме ние за нашата држава? Така стигнавме во нашата татковина во хотел Фламенго во Охрид, затворени во собите без никаков документ- пишува Маја Наков.

Прочитајте и...  Нови 16 заболени од коронавирус, три лица починаа, 14 се излечени

Нашата татковина, вели таа, не пречека како најголеми грешници, деликвенти. Го прошетавме целиот свет, ама како Македонија нема друга. Една наша стара Македонска песна вели „нашата мила Македонија не одгледала, за да ја браниме“…ние ја одбранивме…

Бошко Јованов, кој исто така минал 2 и пол месеца на море во карантин, кога дошло ред да си дојде дома, едноставно се разочарал од нехуманиот третман на македонската полиција – ги ставиле во карантин без притоа да им измерат температура, или да ги тестираат. Тој вели да им дале само вода и шеќер ќе било доволно.

– Дојдовме во хотелов „карантин“ Фламинго, каде сеуште никој не ни проверил температура, или нè тестирал, или ни ги погледнал лекарските уверенија од бродските доктори кои потврдуваат дека во последните два ипол месеца сме во карантин на море без никаков случај на таканаречениот коронавирус. Ни дадоа соби, некои по двајца, некои по тројца во соба како на екскурзија а не во карантин. Едвај чекавме да се истушираме и да се одмориме ама да не заборавиме дека ова е Охрид и никогаш нема топла вода. За време на превоз во Македонија, како и на граница немаше каде да измиеме рацe и лице. Па некој нека ми одговори од што вие нас не заштитувате или вие се заштитувате од нас. Не разбирам. Во хотелот нормално прашавме за вода и одговорот беше: Појадокот е во 08:00. Замисли, после 7 саати возење од Бугарска граница до Охрид, да не пречекаа со чаша вода и шеќер ќе беше доволно. МАКЕДОНИЈА ЕДИНСТВЕНА- пишува на Фејсбук Јованов.

Прочитајте и...  Втор ден без новозаболени од Ковид-19 во Прилеп

Александар Менков исто така минал низ истово патешествие, едвај дочекал да си дојде дома после 63 дена минати на море, вели дека едноставно: „Македонија не ги заслужува“.

– И така едвај чекавме да се вратиме дома после 63 дена на море кои беа тешки сами по себе… поминавме низ Англија и Бугарија со беспрекорна организација и логистика за да дојдеме во татковината во која не чека 10 часовна голгота што се вика „карантин“. Карантин во хотел во Охрид, триојца во една соба со два кревета?! Да да, баш така… Без да ти обезбеди основни услови за изолација од ваков тип нашата татковина насилнички ќе ни објасни како се прави тоа. На НАС, луѓето кои го прошетаа не пола туку Цел Свет ни е повеќе од јасно дека Оваа држава не нè заслужува!
И кога еден ден сите тие прошетани и начитани убави луѓе ќе си отидат од оваа држава вие читнете го мојов прв голем пост од душа- напиша Менков на Фејсбук.

Продолжува:

Македонците пратени во државен карантин подготвуваат тужба: Сакаме да знаеме зошто бевме третирани како најголеми душмани на државата

Македонците пратени во државен карантин подготвуваат тужба: Сакаме да знаеме зошто бевме третирани како најголеми душмани на државата

Прочитај повеќе

Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Слободен печат

„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Слободен печат

Венецуела со авиони ловци ги штити петте иранските танкери

Слободен печат

Еваристе Ндајишимије избран за претседател на Бурунди

Слободен печат

Филипче: Само со придржување до мерките може постепено да се враќаме во нормала, алтернатива на тоа е строга рестрикција

Слободен печат

Италијанската полиција уапси 10 припадници на мафијата „Ндрангета“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Расте бројот на деца кои живеат во сиромаштија – ќе се зголеми на 672 милиони

Слободен печат

Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

Слободен печат

Бугарите атакуваат и на српскиот јазик: Во времето кога се формирал српскиот јазик Бугарите не беа Словени

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот

Слободен печат

Гренел: САД подготвуваат нови санкции за Северен поток -2

МИА Агенција

Финансиска поддршка за април и мај ќе добијат филмските работници и тие што останале без работа

Слободен печат