ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ЧИЛЕ: Огнена стихија уништи најмалку 120 куќи во градот Валпараизо

Фото: Профимедиа

Најмалку 120 куќи се уништени во пожарот што го зафатил чилеанскиот град Валпараизо, а голем дел од населението е евакуирано.

Како превентивна мерка исклучена е струјата во 90.000 домаќинства, а градоначалникот Хорхе Шарп изјави дека пожарите биле намерно предизвикани, како и дека немаат податоци за можни жртви, пренсе Би-Би-Си.

-Во овој момент екипите за вонредни ситуации се наоѓаат на терен, ги користат сите средства и за гасење од воздух и од земја, во две области на повисоките делови од градот, рече Шарп и додаде дека високите температури и силниот ветар го отежнуваат гасењето на пожарите.

Валпараизо е еден од највисоките чилеански градови и главно пристаниште на Пацификот, но и популарна туристичка дестинација.

Министерот за земјоделие Антонио Валкер изјави дека пожарникарите се борат со гасењето на пожарите.

Огнот досега уништил 120 хектари земјиште.

Пожарот почнал во шумска област и се проширил врз градот, пренесоа британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот