Голем пожар уништи 200 куќи на карипски остров

пожар /Фото: Илустрација

Голем пожар уништи или оштети повеќе од 200 куќи и други објекти на островот Гуанаја, крај брегот на Хондурас.

Стотици жители беа принудени да се евакуираат од оваа туристичка дестинација.

Четири лица се повредени во пожарот, кој целосно уништи 90 куќи и оштети уште 120, вклучувајќи и некои деловни објекти, потврдија властите на Хондурас.

„Можеме да потврдиме дека немаме човечки загуби, само огромна материјална штета”, рече Мак Гонзалес, директор на Агенцијата за  вонредни состојби во Хондурас.

Како што јавуваат странските агенции, пожарот избувнал пред зори, а жителите сами се обиделе да го стават под контрола бидејќи на островот нема противпожарна служба.

Гуанаја е најисточниот од трите заливски острови, долг околу 18 километри и широк шест километри и опкружен со корален гребен, што го прави привлечен за нуркачите.

Овој карипски остров е оддалечен околу 70 километри од северниот брег на Хондурас

Изовр: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот