Голем неделен хороскоп (24- 30 јануари): Девиците ги очекува фатална средба, Скорпиите да не потпишуваат договори…

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Можна е фатална средба за Девиците која би можела суштински да ги промени нивните животи. Скорпиите треба да избегнуваат работи кои вклучуваат работа со бројки, патување или потпишување договори

Овен

Шефовите ќе ви подадат рака за помирување и значителна поддршка со помош на која ќе ги реализирате вашите планови. Тимската работа ќе донесе одлични резултати. Конкуренцијата ќе ви „тропне“ на врата, но не дозволувајте тоа да ве демотивира. Една Водолија ќе ви помагне да го средите нередот во вашиот љубовен живот. Појасно ќе ги разберете мотивите на променливото однесување на вашиот партнер. Помирете се и почнете од почеток, бидејќи секогаш се исплати да се инвестирате во врската.

Бик

Бидете внимателни во одлуките, бидејќи оваа недела ќе ви донесе неочекувани пресврти и неизвесности поради околности на кои не можете да влијаете. Внимавајте што прават другите зад вашиот грб. Ќе почувствувате се поголема наклонетост на вашиот партнер, па вашата врска ќе биде проникната со зголемена хармонија и мир. Биковите кои не се во врска би можеле да ја пронајдат својата сродна душа. На повидок е ново познанство, затоа не ја одбивајте поканата на пријател да се сретнете и да излезете некаде.

Близнаци

Ќе ги извршувате секојдневните работни задачи, особено оние кои сте ги запоставиле изминатиов период. Многумина ќе настојуваат да го консолидираат својот статус во деловниот свет, во кој важна улога ќе имаат деловните патувања. Некои информации за партнерот нема да ви бидат достапни, па ќе се нервирате и ќе правите тајни потези за да дознаете зошто не ви се јавува или зошто се враќа дома подоцна. Но, ќе сфатите дека ништо не се случува што би го нарушило вашиот емотивен живот.

Рак

Со влегувањето на Меркур во осмата куќа конечно ќе ги решитет насобраните сметки, долгови и отплати на заеми. Можни се добивки, наследство, донации и награди. Но, внимавајте на изборот на соработници и колегијалните односи. На љубовно поле ве очекува криза. Можеби вашата врска завршила и сега секој треба да тргне по својот пат. Ако останете заедно, тоа ќе биде затоа што вистински се сакате, а кризата ќе биде само уште една потврда за вашата приврзаност.

Голем неделен хороскоп (10. -16 јануари): Девиците живеат во љубовното минато, Водолиите ќе водат битка со исхраната

Лав

Не дозволувајте чувствата да ја компромитираат вашата моќ за расудување. Проблемите произлегуваат од вашиот однос со претпоставените. Најпаметно е што помалку да се истакнувате и да ризикувате. Планетите ќе ви помогнат да ги искристализирате недоразбирањата со партнерот, иако се сомневате за меѓусебните чувства. Доколку имате намера да заведете некого или да му ги признаете чувствата, направете го тоа дискретно и со стил, за да не ја отфрлите другата страна со моќта на чувствата.

Девица

Правилно извршувајте ги обврските и внимавајте грешките на работа да не се претворат во поголеми проблеми. Верувајте си повеќе, а помалку ласкајте си. Не се потпирајте премногу на луѓето околу вас. Можна е фатална средба која би можела суштински да ви го промени животот, барем привремено. И за оние кои се во врска претстои интересна недела. Ќе се разбудат страстите, а еден во друг повторно ќе ги откривате работите поради кои сте се вљубиле.

Вага

Кога би можеле да вклучите повеќе физичка работа, возбуда, деловни вечери и неформално дружење во описот на вашата работа, би биле совршен работник. Но, едно по едно. Вие сте неисцрпен извор на енергија и креативност. Можни се фатални љубови и брз развој на настаните. Возбудата од вашиот интимен живот ќе го „загрее“ и вашиот социјален живот. Заедничко излегување со партнерот ќе ја „избрка“ досадата и ќе ја зајакне потребата за прегратки и телесно изразување на чувствата.

Скорпија

Оваа недела избегнувајте работи кои вклучуваат работа со бројки, патување или потпишување договори. Ќе ве иритираат шефовите, ама генијално ќе се „заштитите“ од нивните барања. Сепак, обидете се да бидете пофокусирани, свесни сте дека немате доволно концентрација. Венера го чува вашиот емотивен живот од турбуленции, иако планетарните влијанија ве насочуваат повеќе кон работата. Можно е да развиете нови симпатии. Може да се случи неочекувано да почнете да чувствувате нешто подлабоко кон личност со која работите.

На четири знаци им пристигнуваат пари до 31 јануари! Еве на кого ќе му „тропаат“ пари во паричникот

Стрелец

Претстојните настани нема да ве искушуваат. Ќе знаете каде сте, каде одите и што треба да направите за да бидете задоволни. Ќе станете омилени во работната средина. Ако чувствувате дека вашата врска влегува во криза, знајте дека брзо ќе излезете од неа. Партнерот ќе ја прифати реалноста и ќе сфати дека ништо не е како порано. Отворениот разговор ќе ви помогне да се соочите со реалноста без трауми и драматични реакции. Насочете се кон посреќна заедничка иднина.

Јарец

Сите неповолни ситуации кои до неодамна ви создаваа големи грижи, ќе ги решите. Може да добиете унапредување, да стекнете некое признание или можност да ги изразите вашите вистински вредности во склоп на работата. Кога станува збор за љубовта, пак, сега можете да си дозволите речиси сè. Од помирување, телефонски повик до личноста од која страдате, до отворен разговор со вашиот сопружник. Но, во сето ова најважно е да бидете толерантни и попустливи, бидејќи Марс ве поттикнува на брзање и агресија.

Водолија

Ќе блеснете со деловна експресивност, самодоверба и ќе ги надминете деловните пречки и предизвици. Можностите за заработка ви се зголемуваат, па би можеле да бидете задоволни со приходите, барем на одредено време. Планетите ви носат нова љубов или додворувач. Ако долго време ги потиснувате чувствата кон личност која досега не ве забележала, нејзиниот ненадеен интерес за вас пријатно ќе ве изненади. Оние кои се во врска или брак ќе имаат подобри односи со саканите.

Риби

Рибите кои се впуштаат во нови работни места ги очекува период кој ветува конкретни резултати. Сепак, намалете ги обврските бидејќи би можеле да се проширите на повеќе работни места одеднаш, па нема да можете да ги завршите сите работи. Доколку сте вљубени и сакате по секоја цена да освоите нечија наклонетост, бидете весели, насмеани и разговарајте за „полесни“ теми. Немојте да молчите, а камоли да зборувате за работата, парите или вашите поранешни љубови. Оние кои се во брак, ги очекува похармонична недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот