Голем неделен хороскоп (24-30.10): Скорпиите ќе обноват стара врска, а Вагите ќе имаат среќа со финансиите

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Нешто постојано ќе ви ја нарушува концентрацијата. Ќе трошите енергија за решавање на одредени несогласувања и поради тоа поспоро ќе напредувате. Не бидете тврдоглави кон надредените, но и кон колегите. Не се преправајте дека љубовните проблеми не постојат, туку слушајте што вели вашиот партнер. Почнете да ги решавате причините за проблемите, затоа што ова е добро време да ѝ дадете нов почеток на старата врска. Марс во Близнаци ќе биде одговорен за вашата енергија, па затоа вие ќе бидете многу активни. Сепак, вие ќе бидете под голем стрес – најдете начин да се опуштите.

Бик

Меркур во Скорпија ќе има лошо влијание врз вашата концентрација. Нема да можете правилно да го процените времето, а одложувањата ќе ги налутат вашите шефови. Вашиот љубовен живот ќе биде прилично добар, но бидете подготвени за одредени непријатни изненадувања. Соочете се со последиците од старите постапки, а планетите ќе ви помогнат да најдете излез од сѐ. Иако ќе имате многу физичка сила и издржливост, неповолното влијание на Меркур ќе ви го зголеми внатрешниот немир. Пазете се од настинки или вируси и внесувајте доволно витамин Ц.

Близнаци

Ќе влезете во период на тимска работа и добра комуникација со колегите. Постои можност дека ќе склучите вреден деловен договор. Сепак, бидете внимателни и заштитете ја вашата репутација на работното место. Вашиот партнер нема да биде задоволен од досегашниот третман во врската. Со цел вашата врска да успее, вие и вашиот партнер ќе мора да се прилагодите еден на друг. Мора да бидете свесни дека кавгите се сосема нормални во долгите врски. Доколку долго време страдате од некакви тегоби, ова е одлична недела да се прегледате.

Рак

Работите ќе се одвиваат според вашиот план. Иако ќе имате високи цели, вие совршено ќе ја владеете целата ситуација. Планетите ќе ве поддржат во реализацијата на амбициозните планови. Слободните Риби ќе имаат тенденција да започнат нова љубовна врска со личност која работи со нив. Ќе влезете во период во кој физичкиот изглед нема да ви биде пресуден во изборот на нов партнер, туку ќе се восхитувате на туѓите кариерни успеси. Ѕвездите ќе бидат на ваша страна оваа недела – ќе изгледате одлично, а ќе имате и енергија да бидете присутни на сите настани каде ќе бидете поканети. Ќе поминувате многу време со пријателите, но ќе се посветите и на вашите омилени спортски активности.

Лав

Меркур ќе има негативно влијание врз реализацијата на вашите планови. Ќе мора да бидете многу трпеливи и да почекате подобар период за да ги претставите вашите деловни идеи. За жал, нема да блеснете на работното место оваа недела. Некои од Лавовите ќе го остават минатото зад себе и ќе направат место во своето срце за некои нови симпатии. Доколку одлучите да ја продолжите врската со сегашниот партнер, ве очекува период на расчистување на старите несогласувања. Кога станува збор за вашата благосостојба, вие ќе бидете убаво расположени и ќе имате желба за дружба со пријателите. Искористете ги слободните моменти за пешачење, трчање или возење велосипед.

Девица

Сè поуспешно ќе се справувате со товарот на секојдневието и ќе вложувате многу енергија во работата што ја работите. Ќе бидете исцрпени, но на крајот од работниот ден ќе бидете задоволни бидејќи сте дале сѐ од себе. Ќе бидете самоуверени да ја прекинете лошата врска и да запливате во нови љубовни води. Исто така, ќе бидете пријатно изненадени од фактот дека ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Љубовниот успех ќе влијае врз вашето позитивни расположение. Дел од Девиците ќе имаат пробле со несоница.

Вага

Оваа недела, ќе ви се случат значајни моменти поврзани со финансиите. Тие ќе ви ја зголемат работната мотивација и деловниот ангажман. Исто така, ќе бидете задоволни од приходите. Слободни Ваги, вам ви претстојат „фатални“ љубовни средби. Можеби ќе започнете љубовна врска со личност која не живее во вашиот град. Дел од Вагите ќе се соочат со фактот дека поранешен партнер ќе се обиде да им се врати во животот. Убаво размислете дали сакате да се навраќате на завршени приказни. Оваа недела, сѐ што ќе ви биде потребно е одмор во удобноста на вашиот дом.

Скорпија

Ќе бидете полни со енергија и лесно ќе ги насочувате вашите колеги кон деловен успех. Ќе најдете лична сатисфакција во сѐ што се случува. Оваа недела, дел од Скорпиите ќе обноват врска со личност од минатото, а дел од нив ќе започнат врска со долгогодишен пријател. Ако сте во брак, вие мора да бидете потрпеливи кон вашиот партнер. Планетите ќе ви дадат огромна доза енергија и решителност. Ќе се движите повеќе, ќе спортувате и ќе уживате во друштво на пријателите.

Стрелец

Не бидете тврдоглави, туку прифатете ја помошта од личност која подобро ја разбира суштината на проблемот кој ќе се појави на работното место. Стрелци, вие ќе имате одлична недела на љубовно поле. Време е да ги разбудите одамна заспаните чувства и да уживате без задршка. Животот е еден и треба да се љуби максимално. Неповолното влијание на Марс ќе влијае на вашиот имунитет, па затоа внесувајте повеќе витамини кои ќе го подобрат вашето здравје.

Јарец

Ќе се соочите со нови деловни предизвици поради кои ќе чувствувате немир, но, кога станува збор за кариерата, крајно време е да прифатите потешки задачи. Сè ќе ви оди добро! Јарци, оваа недела е совршена за нова љубовна врска. Конечно ќе сфатите што и кого навистина сакате. Доколку планирате брак или заеднички живот со партнерот, постои голема веројатност дека вашите планови ќе станат реалност. Ќе бидете одлично расположени за дружба со луѓето околу вас.

Водолија

Ќе бидете исцрпени од секојдневните работни задачи, а односите со колегите ќе ви бидат сѐ понапорни. Потребата да им кажете сѐ во лице на луѓето ќе ви предизвика дополнителни проблеми. Сите премолчени љубовни проблеми ќе ви излезат на површина. За жал, слободните Водолии нема да имаат среќа во потрагата по нов партнер. Оваа недела, подобро е да се посветите на друго поле во животот.

Риба

Ќе комуницирате лесно и прилично успешно ќе остварувате контакти со луѓето. Поради вашите квалитети, ќе се издвоите од останатите, а околината ќе ја препознае вашата работа. Доколку неодамна сте биле оставени, постои голема веројатност дека вашиот поранешен партнер ќе се обиде да ви се врати. Одлуката ќе биде ваша, па затоа размислете добро дали вреди да ја обновите врската. Венера во Скорпија ќе придонесе за вашето подобро расположение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот