Голем грабеж во Лондон: Тројца крадци за 50 минути украле накит во вредност од 64 милиони фунти

Фото: EPA/NICOLAS BOUVY

Ќерката на некогашниот прв човек на Формула 1 Тамара Еклстоун е ограбена, а крадците успеале да ѝ одземат плен вреден 64 милиони долари, пишуваат британските медиуми.

Според информациите, во педесетминутниот грабеж на куќата на Тамара Еклстоун, која се наоѓа во Западен Лондон, одземен е вреден накит. Се верува дека во нејзината куќа влегле три лица, кои успеале да минат покрај чуварите и сите заштитни механизми, за потоа да ги отворат сефовите во кои се наоѓале вредните парчиња накит.

Еклстоун, според информациите од британските медиуми, непосредно пред грабежот отпатувала од дома за божиќните празници.

Портпаролката на лондонската полиција изјави за медиумите дека не може да потврди, ниту да демантира дека Тамара е ограбена, но додаде дека полицијата примила повик за грабеж во Западен Лондон во петокот вечер во 23 часот, пренесе „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот