Голеада на „Олд Трафорд“: Јунајтед и Борнмут одиграа реми во натпревар со осум погодоци
Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа спектакуларно реми со осум гола (4-4) на „Олд Трафорд“ во рамките на 19. коло на Премиер лигата. Мечот изобилуваше со пресврти, атрактивни погодоци и возбудливи моменти.
Препорачано
Јунајтед поведе со гол на Амад Дијало, но Борнмут успеа да израмни преку Семењо. Каземиро со гол во судиското продолжение од првото полувреме го врати водството на домашните, но во вториот дел гостите веднаш израмнија, а по слободен удар повторно поведоа.
Бруно Фернандеш со мајсторски слободен удар во 76. минута донесе 3-3, а Куња по одлична акција со Бенјамин Шешко ги донесе домашните до водство, кое Борнмут повторно израмни преку Крупи во 84. минута.
На крај, ремито е реален исход за два тима кои прикажаа возбудлива партија и осум гола на „Театарот на соништата“.
Преземено од: Sport.com.mk
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
33мин
-
42мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


