Ѓоковиќ: Се надевам дека „Ролан Гарос“ ќе заврши без последици! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ изјави дека сè што се случи на „УС Опен“ нема да влијае негативно на тоа како се чувствува на теренот, а тоа го покажа за време на турнирот во Рим.

Србинот беше дисквалификуван од „УС Опен“, бидејќи со топка случајно ја погоди линиската судијка Лаура Кларк, а потоа го освои Рим. Тој зборуваше за тоа на прес-конференција пред „Ролан Гарос“ (кој стартува в недела) и за самиот шок во САД.

– Ќе бидам повнимателен кога ќе ја удирам топката на теренот. Тоа секогаш ќе биде на ум по Њујорк. Секако, ќе се погрижам да не ја повторам таа грешка. А се случи тоа што се случи. Морав да го прифатам тоа и да продолжам понатаму. Тоа беше шок за мене и за многу други. Но, тоа е спорт, тоа е живот. Јас сум човек, сите грешиме – рече Ѓоковиќ.

После таа дисквалификација, на мастерсот во италијанскиот главен град не чувствуваше никаква непријатност или тешкотија во изразувањето на неговите емоции. Ќе се обиде да има што помалку негативни реакции во иднина.

Босанецот Џумхур и Шпанецот Вердаско нема да играат на „Ролан Гарос“ поради ковид-19.

– Ме тестираа неколку пати во Рим, а морав да направам тест за да влезам во Франција. Повторно ме тестираа кога пристигнав. Бев во карантин додека не ги добивме резултатите. Ќе ги следам упатствата, како и сите други. Претпоставувам дека ќе бидам тестиран повторно за четири или пет дена. Добив такви информации. Во Њујорк поради антитела не бев тестиран после првиот тест. Во Европа е поинаку. Во Рим ме тестираа на секои три или четири дена. Исто и тука. Јас не сум загрижен. Ние мора да ги следиме правилата, тие се строги тука во Париз. Благодарен сум што имаме можност да се натпреваруваме на уште еден Грен слем. Се надевам дека турнирот ќе заврши без последици – додаде српскиот тенисер Ѓоковиќ.

Својот прв натпревар Ноле на Отвореното првенство на Франција ќе го има во понеделник претпладне од 11.00 часот против Швеѓанецот Микаел Имер.

„Ролан Гарос“: Ѓоковиќ до финалето ги избегна Тим и Надал!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот