Лут и фрустриран: Вердаско дисквалификуван од „Ролан Гарос“!

Фото: твитер

Еден од најпознатите шпански тенисери нема да учествува на грен слем турнирот во Франција поради позитивен тест на ковид-19.

Се зголемуваат проблемите во Париз, после Дамир Џумхур чиј тренер беше позитивен на коронавирус, сега дисквалификуван од „Ролан Гарос“ е и Фернандо Вердаско (36).

Шпанецот по пат на социјалните мрежи ги изрази незадоволството и лутината кон организаторите, воедно ја објасни ситуацијата во која се најде.

– За жал, годинава нема да играм на „Ролан Гарос“. Во август се опоравив од ковид-19, без симптоми, ги следев сите упатства и се вратив во својата рутина после два негативни теста. Оттогаш, неколкупати го правев тестот и секојпат беше негативен, вклучувајќи го и оној што го направив пред турнирот во Рим – рече Вердаско.

View this post on Instagram

?

A post shared by FΞRNΛNDO VΞRDΛSCO (@ferverdasco) on

Шпанскиот тенисер исто така беше негативен пред турнирот во Хамбург од кој се откажа со цел подобро да се подготви за „Ролан Гарос“.

– Пристигнав во Париз со мојот тим и семејството во вторникот и сите бевме тестирани. Сите добија негативни резултати, освен мене. Објаснив сè што ми се случи во минатото и побарав ново тестирање. Организаторите на „Ролан Гарос“, и покрај сè, го одбија моето барање. Вчера направив два ПСР-теста и еден серолошки, во своја режија и во различни лаборатории и денеска пристигнаа резултатите – сите се негативни.

Лут сум и фрустриран поради организаторите на „Ролан Гарос“, бидејќи тие не ми дозволија да учествувам на ваков голем турнир и не ми дадоа можност уште еднаш да се тестирам и да докажам дека настанала грешка на првиот тест – додаде Шпанецот кој има седум титули досега во неговата кариера.

Да додадеме уште дека на Отвореното првенство во Франција во тенис може да присуствуваат само 1000 луѓе дневно. Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ доби добар ждреб за „Ролан Гарос“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот