Ѓоковиќ остана без круната, го предаде мечот со Вавринка! (ВИДЕО)

twitter.com/usopen

Новак Ѓоковиќ поради повреда на рамото на почетокот од третиот сет го предаде мечот, па така Швајцарецот Станислас Вавринка се пласираше во четвртфиналето.

Минатогодишниот освојувач на овој турнир имаше негатива од 2:0 по сетови 6:4 и 7:5, а во пресрет на третиот Ноле побара третман на повреденото рамо.

На тој начин, Србинот нема да има можност да ја брани титулата, додека Вавринка, шампионот од 2016 година, за пласман во полуфиналето ќе игра против Русинот Данил Медведев.

Во женска конкуренција петтата носителка Свитолина со 7:5 и 6:4 ја елиминираше Американката Кијз.

Осмата носителка С. Вилијамс со 6:3 и 6:4 ја оправда фаворитската улога против Хрватката Мартиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот