Ѓоковиќ ќе имаше највеќе грен слем титули доколку не го снема две години

Роже Федерер е тенисер со највеќе освоени грен слем трофеи, има дури 20 и има еден повеќе од Рафаел Надал додека има четири повеќе од Новак Ѓоковиќ.

– Роже е гениј, игра совршен тенис и не се сеќавам дека сум видел да игра некој на тој начин и ниту ќе видам некојдруг како него до крајот на животот. Се што Роже работи е совршено. Сепак, кога играат на највисоко ниво, Новак победува во најголем број од натпреварите. Доколку Ѓоковиќ не беше повреден оние две години кога го снема од тенисот, најверојатно ќе беше играчот со највеќе грен слем титули – вели Муратоглу.

Еден од најдобрите тениски тренери на денешницата смета дека Александер Зверев е еден од главните фаворити за тенискиот трон кога големата тројка ќе се повлече од тенисот.

– Александер Зверев многу брзо се вивна во тенискиот врв и на АТП ранг листата поради квалитетот кој го поседува, но сè уште ги нема усовршено оние сегменти од играта кои можат да му донесат грен слем титула. Тој се движи неверојатно добро, но тоа не е доволно и доколку не подобри уште неколку работи во својата игра ќе се најде во големи проблеми. Зверев ме потсетува на Енди Мареј кој мораше да смени неколку работи во својата игра пред да освои грен слем. Тоа може да го стори и Звере, тој во моментов игра дефанзивен тенис, а за грен слем титули е потребен агресивен менталитет – потенцира Муратоглу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот