Ѓоковиќ ја отвори душата: Зашто да не можам да го кажам своето мислење

Новак Ѓоковиќ гостуваше на подкастот „Wish and Go“ во кој зборуваше да разговорите на Инстаграм за време на пандемијата на коронавирусот кои привлекоа големо внимание во светската јавност.

Поголем дел од светските медиуми го етикетираа Ѓоковиќ дека шири псевдонаука, но и поради неговата изјава дека не е сигурен оти би прифатил да се вакцинира против коронавирусот.

– Знаев дека тоа ќе донесе реакции и позитивни и негативни. Како јас реагирам на сето тоа? Не можам да кажам дека ги игнорирам, сигурно не кога луѓето ме осудуваат и критикуваат дека го користам Инстаграм за ширење на псевдонаука, за негативни информации кои можат да влијаат на здравјето на луѓето.

Тоа се сериозни работи, но јас се обидував да бидам домаќин, некој кој прави интервју и поставува прашањеа во врска со областа од која е личноста. Јас само давам лични примери иако сум свесен дека се што ќе кажам и ќе направам не може да биде доволно за сите, како и дека ќе има противници.
Се обидувам никогаш да не напаѓам личности и не осудувам никого, туку сакам да давам конструктивни примери околу исхраната, здравјето, успесите…

Свесен сум и за негативните коментари околу вакцинирањето, но зашто јас да немам право да го кажам своето мислење? Не велам дека „ова мора да биде вака, ова мора да го јадете или пиете“. Јас давам само мое мислење и доколку луѓето најдат нешто корисно, супер. Жал ми е кога се вадат работите од контекст – вели Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот