Ѓоковиќ има посебна порака за навивачите, бројот на неговата маичка доминира

принтскрин/твитер

Првиот тениски рекет, Новак Ѓоковиќ им испрати порака на сите навивачи и им се заблагодари на поддршката.

Ѓоковиќ за оваа пригода се појави во маичка на која доминира бројот 311, што го симболизира бројот на недели поминати на првото место на АТП ранг листата. Тој овој рекорд го постави во понеделникот кога го надмина Рожер Федерер и неговиот рекорд од 310 недели до кој дојде во 2018 година.

„Добар ден на сите, би сакал да би се заблагодарам на постојаната подрршка која ја добивам во текот на целата кариера. Многу сум горд што ја носам оваа маичка која го симболизира специјалното постигнување кое неодамна беше остварено. Ова е ваш успех колку и мој и се надевам дека наскоро ќе се видиме на АТП турнирите“, рече Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ по освојувањето на Австралија Опен, сезоната ќе ја започне со настапот на Мастерсот во Мајами кој започнува на 24. март, по што се враќа во Европа каде го очекуваат настапите на Мастерсот во Монте Карло и Србија Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот