Ѓоковиќ го стигна Надал и запиша нов рекорд

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Не се менува ништо барем кога станува збор за врвот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ и натаму доминира.

Најдобриот светски тенисер не само што брка нови трофеи, туку и запишува рекорди кои потоа тешко некој може да ги сруши.

Веќе објавивме дека Новак Ѓоковиќ е многу блиску до рекордот на Рожер Федерер по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата, а тоа можно е да се случи на 8 март 2021 година.

Оваа недела српскиот тениски ас се израмни со Рафаел Надал според параметар на поминати недели на врвот на АТП листата, гледајќи само на играчи над 30 години.

Ноле е на самиот врв на тенисот по 68 пат од неговата 291 недела, сметајќи откако влезе во четвртата деценија, па и тој рекорд ќе го надмине за помалку од седум дена. Гледајќи ја само таа статистика, Федерер е далеку зад Надал и Ѓоковиќ со 25 недели.

Најдобар и надвор од теренот: Ѓоковиќ повторно го одушеви светот! (ВИДЕО)

Кога ќе го сруши рекордот на Федерер со вкупниот број на недели на врвот, на Новак ќе му остане само уште еден рекорд – вкупно трофеи на Грен слем турнирите.

Тој во моментов има 17 грен слем титули, или три помалку од Федерер и Надал. Потсетување дека Рафа повторно беше најдобар на „Ролан Гарос“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот