Ѓоковиќ: Без скептик, но сега сум многу среќен поради продолжувањето на сезоната

twitter/ATP Tour

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ истакна дека му е мило што сезоната ќе продолжи на 14. август.

Тениската сезона беше прекината во март годинава поради пандемијата на коронавирусот и тоа предизвика хаос во календарот, голем дел од турнирите се откажаа (најважен и најпознат е Вимблдон), а дел се одложија (Ролан Гарос).

Сепак, до крајот на 2020 година ќе бидат одиграни три од предвидените четири грен слем турнири годинава и тоа го радува Ѓоковиќ.

– Среќен сум, а воедно и сум возбуден што гледам дека турнирите, посебно грен слем турнирите ги планираат своите активности. Мислам дека многу луѓе беа скептични посебно кон турнирите кои треба да се одржат во САД посебно ако се знае ноз што поминуваа оваа земја за време на пандемијата. Многу луѓе, вклучувајќи ме и мене беа скептични дали може да се организираат турнири. Сепак, мило ми е што ќе се игра и ќе им се даде можност на тенисерите да се натпреваруваат. Мислам дека ова е позитивна вест – изјави Ѓоковиќ во подкастот на Матс Виландер „Tennis legends“.

Ѓоковиќ не пропушти да нагласи дека безбедносните протоколи се строги во САД, а кои наложуваат задолжителен карантин за секој што доаѓа во оваа земја.

– Ова највеќе се однесува за тенисерите од Јужна Америка кои имаат забрана да влезат во САД. Се надевам дека ќе се реши овој проблем, АТП и УСТА (Тениска федерација на САД) веќе работат на ова. Најлошото сценарио е се да остане како што е сега, но има време и се надевам дека секој тенисер кој заслужува да биде на УС Опен ќе добие можност да допатува во Њујорк и да се натпреварува. Да се надеваме дека во наредните два месеци некои од ограничувањата ќе се намалат и ќе имаме одличен турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот