Го смени името и ги запали социјалните мрежи , од Мекдоналд стана Бургер кинг

Костариканскиот фудбалер Џонатан Мекдоналд се одлучи на потег со кој стана светска ѕвезда.

Џонатан Мекдоналд е еден од најдобрите фудбалери на костариканската екипа Алаухеленсе, но на новиот спонзор вниманието не му го привлече со своите игри туку со своето име.

Алаухеленсе неодамна потпиша спонзорски договор со Бургер кинг, една од најголемите компании за брза храна.

Бидејќи главен конкурент на Бунгер Кинг им е Мекдоналдс, нивната маркетиншка кампања се базира на тролањето на главниот конкурент и поради тоа не можеа да одолеат на приказната со Џонатан Мекдоналд.

Поради спонзорите и парите, луѓето се подготвени на секакви компромиси, а исклучок не е ниту екипата на Алаухеленсе. Имено, тимот од Костарика за време на дербито против Депортиво Саприса изведе интересна диверзија и Мекдоналд на теренот истрча во нов дрес на кој наместо негово презиме пишуваше Бургер Кинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот