Го ШОКИРАШЕ светот кога тврдеше дека е татко на 13 години – После 10 години стана НАСИЛНИК и АЛКОХОЛИЧАР (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Детето кое на 13 години тврдеше дека е најмладиот татко во Велика Британија, израсна во насилник кој денес за влакно избегна затвор.

Алфи Патен своевремено имаше речено дека на својата девојка Шантел Стедман, која се породи на 15 години, и има направено бебе. Меѓутоа, ДНК анализата покажа дека таткото, впрочем, е друг младич кој бил на нејзини години.

Патен денеска има 23 години, а вчера се појавил на суд откако пијан дивеел уништувајќи автомобили и имот.

Дејли Меил дознава дека денес тој е алкохоличар без работа, живее со мајка си и има долга историја на кривични дела.

Една затворска казна од 24 месеци веќе му висеше над глава откако на 14 јуни е осуден за кражба и поседување имитација на огнено оружје.

Хана Харлеј кажа пред судот дека Патен пијан шутнал комбе и го оштетил, а потоа пробил низ ограда викајќи по постарите сограѓани.

На крај тој добил условна казна, бидејќи одбраната тврдела дека има проблем со алкохолот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот