Глигорије Стојановски: Ветуваме дека ќе бидеме гласен коректив на мнозинството

Глигорије Стојановски, носителот на листата со кандидати за советници од СДСМ и коалицијата порача дека ќе бидат коректив на мнозинството во Општина Тетово. Според првичните резултати на Државна изборна комисија СДСМ и коалицијата освоија двајца советници.

– Измина изборниот ден, онака како што очекувавме. Во една фер и демократска атмосфера беа избрани идните советници на општина Тетово. Благодарност до сите оние граѓани кои ја дадоа поддршката за која имаме обврска да не ја изневериме. Како што напоменавме и во кампањата, тука сме, остануваме за соработка со граѓаните и нормално ќе се бориме за најдобрите решенија и одлуки кои ќе се носат во Советот, а ќе се спротивставуваме на се она што мислиме дека се коси со интересот на тетовчани. Ветуваме дека ќе бидеме гласен коректив на мнозинството и дека ќе успееме да наметнеме дел од нашата предизборна програма „Најдоброто за нашата општина”, порача Стојановски.

Тој посочи дека се надева на конструктивни дебати и полемики во Советот и ветуваме дека нема да прекинат заложбите за успешна и попросперитетна општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот