Главната расправа за „Меѓународен сојуз“ е одложена за 19 ноември

Кривичен суд/Фото: Драган Митрески

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за случајот „Меѓународен сојуз” наместо утре, ќе се одржи на 19 ноември годинава.

Причина за презакажувањето, според Судот, се здравствени пречки на дел од одбраната.

И пред речиси два месеца, на 24 септември, случајот беше одложен за октомври. Тогаш, како што соопшти Кривичниот суд, расправата се одложи зашто еден од обвинетите беше сè уште хоспитализиран по извршен оперативен зафат.

За случајот со невладината организација „Меѓународниот сојуз” обвинет за измама и перење пари е нејзиниот основач, Бојан Јовановски – Боки 13. Обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и Јасна Мандиќ. Ременски како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се товари за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението на 3 јануари годинава, а судот го одобри на 12 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот