Гласачкото право утре ќе го остварат дијаспората, затворениците, болните и изнемоштени лица

Избори / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Во вторник на 23 април, на ден пред седмите претседателски избори гласачкото право ќе го остварат дијаспората, затворениците, болните и изнемоштени лица.

Во домашни услови утре своето гласачко право ќе го остварат 172 болни и изнемоштени лица од Охрид. Во посебен извод од избирачкиот список за гласање се пријавени 27 лица од Охрид кои издржуваат затворска казна, седум лица во установи за вонсемејна грижа и тројца граѓани од Охрид во дипломатско – конзуларните претставништва.

На територијата на Општина Дебрца утре ќе можат да гласаат 22 лица.

Во општина Маврово-Ростуше правото на глас утре ќе го искористат 38 болни и изнемоштени лица на избирачкиот список во најмалубројната општина во гостиварскиот регион запишани се вкупно 10.343 граѓани со право на глас.

До ОИК биле поднесени барања од 4 лица кои се наоѓаат во казнено-поправни установи.

Во општина Штип, утре ќе гласаат 158 болни и изнемоштени лица, а затворениците во КПУ Затвор – Штип правото на глас ќе го остварат на избирачкото место, кое ќе биде отворено во 7, а затворено 19 часот, изјави денеска претседателот на Општинската изборна комисија(ОИК) – Штип, Виктор Вацев. Тој додаде дека доверливиот материјал е пристигнат во ОИК Штип.

– Утре гласаат лицата кои се пријавени за гласање во домашни услови, односно тоа се болни и немоќни лица. Вкупно на територија на Општина Штип ќе гласаат 158 лица. Утре се гласа и во КПУ Затвор Штип, таму бројката е малку пообемна бидејќи станува збор за лица кои гласаат од цела држава. Материјалот пристигна во текот на вчерашниот ден, вели Вацев.

Во општина Гостивар ќе гласаат 129 болни и изнемоштени лица, потврдија од Општинската изборна комисија.

– Во законскиот рок до комисијата беа поднесени над 150 пријави со барања за гласање. Комисијата во соработка со лекар ги разгледа барањата и оправданите ги прифати, информираше членот на ОИК Халит Елези.

До ОИК Гостивар во законскиот рок не биле поднесени барања од лица кои се наоѓаат во притвор или затвореници.

Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи кои гласаат на 167 избирачки места, информираа денеска од општинската изборна комисија Куманово (ОИК).

– Утре, ќе гласаат 159 затвореници во затвор Куманово (К’шање) од 41 општина и 180 болни и немоќни лица, изјави претседателката на ОИК Куманово, Елизабета Стојковска.

Според ДИК, најголемо избирачко место во Куманово е 1051 со 1.274 гласачи, а најмало по број на гласачи е избирачко место 1093 со девет гласачи.

Претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски информираше дека утре ќе гласаат осум болни и немоќни лица. Во оваа општина има 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ќе ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

Како што информираше ДИК најголемо избирачко место во Старо Нагоричане е 1178 со 399 гласачи, а најмало по број на гласачи е избирачко место 1166 со четири гласачи.

Во Липково утре ќе гласаат 269 болни и немоќни лица, соопшти претседателката на ОИК Липково, Ајше Демири. Вкупно право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 269 места.

Најголемо избирачко место во Липково е 1126 со 1137, гласачи, соопшти ДИК, а најмало по број на гласачи е избирачко место 1123 со 70 гласачи.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел-93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

Гласање за парламентарните избори на 8 мај нема да се спроведе во дијаспората бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

Во Струга 158 болни и изнемоштени лица се пријавиле за гласање, во Дебар и Центар Жупа 38 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот