Глас за памтење кој ги испеа едни од најголемите хитови: Десет години без Ејми Вајнхаус

Фото: EPA-EFE
Пред десет години на денешен ден почина Ејми Вајнхаус, а како официјална причина за нејзината смрт беше наведено труење со алкохол во комбинација со здравствени компликации.
ејми вајнхаус
ФОТО: EPA/STEFFEN SCHMIDT

Вајнхаус беше позната по својот експресивен вокал, а во своите песни создаваше уникатен микс на соул, блуз и џез. Првиот албум „Frank“ во 2003 го привлече вниманието на јавноста и доби многу позитивни критики, а вториот студиски албум „Back to Black“ ѝ донесе дури пет Греми награди.

Но, покрај успешната музичка кариера, Ејми беше позната и по нејзиното скандалозно однесување додека се бореше со зависноста од алкохол и наркотици, особено во текот на бракот со Блејк Филдер Сивил.

Фото: EPA/DANIEL DEME

Талентираната пејачка неколкупати беше хоспитализирана поради предозирање со лекови и наркотици, а се борела и со депресија и нарушувања во исхраната. Меѓу другото, страдала и од респираторни проблеми. Во текот на 2008 година, Вајнхаус се соочила со низа здравствени компликации што претставувале сериозна закана за нејзината кариера и за нејзиниот живот.

Фото: EPA/ANDY RAIN

Нејзината култна песна „Rehab“ била создадена сосема случајно во студиото, додека ѕвездата му се жалела на својот продуцент дека нејзините родители и пријатели ја принудуваат да започне со третман за лечење зависност од алкохол. Последниот концерт на пејачката се одржа во Белград, а траел само 11 минути бидејќи таа не била во добра состојба.

Нејзиното тело на 23 јули го пронашле нејзините телохранители, кои воедно потврдиле дека во последните неколку денови од животот пејачката била често во алкохолизирана состојба, се смеела, слушала гласна музика и гледала телевизија.

EPA/FRANTZESCO KANGARIS

Според резултатите од аутопсијата, доколку не страдала од булимија, пејачката би можела полесно да ги поднесе последиците од злоупотребата на лекови и наркотици, но нејзиното слабо тело не успеало да го издржи тој товар.

epa-efe
Фото: EPA/FRANTZESCO KANGARIS
Фото: EPA/ANDY RAIN
Фото: EPA/ANDY RAIN
Фото: EPA/DOMENECH CASTELLO
Фото: EPA/SHAWN THEW EDITORIAL USE ONLY
Фото: EPA/SHAWN THEW
Фото: EPA/SHAWN THEW
Фото: EPA/ANDY RAIN
Фото: EPA/ANDY RAIN
Фото: EPA/KIKO HUESCA
Фото: EPA/HUBERT BOESL
Фото: EPA/JIM RUYMEN
Фото: EPA/FRANTZESCO KANGARIS
Фото: EPA/HUBERT BOESL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот