Ѓорѓиевски: Нема потреба да ме фалите, но треба да сте коректни и кога негативно коментирате
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ги замоли советниците повеќе да не го фалат, откако советничката на СДСМ Катерина Цаневска Арсовска замоли директорите на претпријатијата и други говорници кога излегуваат да дискутираат да не искажуваат благодарници до градоначалникот и до Град Скопје, затоа што нормална работа е тие да работат.
Препорачано
За да не ѝ биде непријатно на почитуваната Цаневска ќе ве замолам нема потреба никој да ме фали, нека судат граѓаните, не сакам да ја изложувам на непријатности почитуваната советничка, но исто така тогаш да замолиме малку коректни да бидеме во излагањата, кога треба нешто да се коментира во друга насока, а е негативно. Јас мислам дека демократско право е на секој да си каже како мисли. Еве уште еднаш ќе замолам и апелирам дека немате потреба да се заблагодарувате на Градот, на мене, на службите – рече Ѓоршиевски.
Забелешката на координаторката на советничката група на СДСМ уследи по дискусијата на в.д. директорот на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, кој зборувајќи за тешката состојба на претпријатието упати благодарност до градоначалникот и службите кои му помагале да ги надмине тешкотиите во работењето.
Инаку и на претходните седници честопати се случуваат вакви јавни заблагодарувања до градоначалникот од дискутантите кои излегуваат на говорница во Советот на Град Скопје.


