Измет ,ѓубре , и смрдеа под камени мост - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Фото Слободен печат - Методи Здравев

Ѓорѓиевски најави ново светло на Камениот мост, со турска помош ќе го прави „вистински ноќен симбол на Скопје“

Претставници на турската Општина Есенлер и раководството на „Халкбанк“ денеска се сретнаа со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски при што беше потпишан Протокол за пријателство и соработка за реализација на „проект за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост“.

„Камениот мост, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје и значајно културно-историско наследство, ќе добие современо декоративно осветлување кое ќе ја истакне неговата архитектура и историска вредност“, напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Според најавите, во рамки на проектот ќе бидат поставени современи ЛЕД-светилки, рефлектори и системи за контрола на осветлувањето, со што, според Ѓорѓиевски, мостот ќе добие „нова естетска димензија“ и „уште понагласено ќе го истакне својот историски идентитет“.

„Со новото декоративно осветлување, Камениот мост ќе добие уште поголема препознатливост и ќе стане вистински ноќен симбол на Скопје, кој ќе ја истакне богатата историја и убавината на нашиот град“, напиша Ѓорѓиевски во објавата.

Во најавата за „нова естетска димензија“, скопскиот градоначалник не спомена ништо околу тоа како долгорочно ќе се реши проблемот со користењето на просторот под мостот како јавен тоалет и неподносливата смрдеа што се шири од заштитениот споменик на културата.

ФОТО: Гнасотија, ѓубре и смрдеа под Камениот мост, неопходно е комуналците да поработат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот