Ѓоре Јовановски седнува на клупата на Кожуф

фото: фејсбук/ФК Кожуф

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Ѓоре Јовановски е нов тренер на Кожуф кој во новата сезона ќе настапува во единствената Втора лига.

– Се ближи почетокот на сезоната 2022/2023 год. Полека финишираме со подготовките и се насочуваме кон предизвиците што претстојат. Целите на ФК КОЖУФ е да се биде стабилен второлигаш, главно потпирајќи се на сопствениот играчки кадар. Од новата сезона ФК КОЖУВ ќе стави посебен акцент на младите кадри, кои би требало да донесат нова свежина во фудбалот на градот. Гевгелија е била и ќе биде расадник на млади таленти. Огромна чест и задоволство ни претставува што во нашите редови , ќе го имаме најтрофејниот тренер Ѓоре Јовановски. Само со желба и дисциплина ќе се дојде до успех. Во оваа прилика, се заблагодаруваме на тренерот Васе Беќаров кој несебично се залагаше за клубот и во иднина му посакуваме само успеси – соопшти ФК Кожуф.

Во својата кариера Јовановски ги водеше екипте на Вардар, Слога Југомагнатр, Работнички, Метлаург, Брегалница, Беласица, Шкендија и Милано.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот