Ѓолем пад на Ѓорческа на ВТА ранг листата

Фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на денешната ранг-листа на ВТА има пад за 22 места, од причина што не успеа да одбрани 41 поен и сега со 323 поени се наоѓа на 236. то место. Магдалена Стоилковска со истиот број поени 9 од исто толку турнири се наоѓа на 1216. то место или има пад за три позиции.

Во конкуренција на двојки единствено Ѓорческа има ранг и се наоѓа на 372. то место (пад за три позиции) со 226 поени.

На следното рангирање по две недели (по завршување на Австралија опен) кај Ѓорческа ќе и бидат „запишани“ поените од настапот во квалификациите на Гренд слем турнирот во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот