Ѓоковиќ се огласи: Не се каам, му честитам на Алкараз, заслужи да биде прв

Фото: EPA-EFE/Frabeland Charles Mallari

Новак Ѓоковиќ и оваа година ги пропушти мастерсите во Америка, Индијан Велс и Мајами поради забрана за влез во САД.

Сепак, Ѓоковиќ не е загрижен премногу за ваквата ситуација и тоа го откри во интервју за „Си-Ен-Ен“.

„Не, не се каам. Во животот научив дека каењето само те успорува и прави да живееш во минатото, а јас тоа не сакам да го правам. Исто така не сакам да живеам премногу и во иднината. Сакам да бидам колку што можам повеќе во сегашниот момент, но секако не размислувам за во иднина и сакам да создавам подобра иднина. Затоа, му честитам на Алкараз, апсолутно заслужува да се врати во првото место“, изјави Ѓоковиќ.

Призна Ѓоковиж дека жали затоа што што не настапи на турнири кои во минатото имал успех, но за ваква ситуација бил спремен од самиот почеток.

„Штета што не можев да играм на Индијан Велс и Мајами, ги сакам тие турнири. Имав успех таму, но во исто време тоа беше свесна одлука и знаев дека постои можност да се доведам во ваква ситуација. Се надевам дека сегашната ситуација ќе се промени за УС Опен. Тоа за мене е најважниот турнир на американско тло“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот