Ѓоковиќ против светот, ништо ново – следува ли најголемата тениска приказна во историјата?

Новак Ѓоковиќ во Мелбурн би можел да испише нова историја во кариерата/Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Новак Ѓоковиќ успеа, по рочиштето кое траеше речиси десет часа, судот на австралиската држава Викторија застана на негова страна и му даде виза за влез во земјата.

Престојот на Ѓоковиќ во Австралија, во која на 17 јануари започнува првиот грен слем турнир годинава, „Австралија опен“, сепак може да биде откажан од министерот за имиграција Алекс Хок, иако сè уште не се знае дали ќе го стори тоа.

Излегувањето на Ѓоковиќ од хотелот за мигранти во Мелбурн предизвика лавина реакции, а многу спортисти и колеги тенисери му дадоа поддршка. Дури и оние кои не мислат дека неговото одбивање да се вакцинира е добар потег.

Една од најголемите тенисерки во историјата, легендарната Мартина Навратилова, изјави дека не се согласува со Ѓоковиќ за вакцинацијата, но дека смета дека треба да му се дозволи да настапи во Мелбурн.

– Визата на Новак не требаше да биде одбиена. Не се согласувам со тоа дека одбива да се вакцинира, но ми се чини дека постапуваше по правилата околу изземање. Дозволете му да игра – напиша Навратилова на „Твитер“.

Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез смета дека австралиските власти организирале циркус за случајот Ѓоковиќ и порачале дека ова е тениска победа.

Можеби најефективната изјава во целата оваа приказна за Ѓоковиќ ја даде индискиот тенисер Сомдев Деварман.

– Новак против остатокот од светот. Сме виделе порано, но ова е поинаку. Доколку сето ова заврши со одбрана на титулата и 21 Грен слем, тоа ќе биде една од најголемите тениски приказни досега – објави Деварман на својот „Твитер“.

Новак Ѓоковиќ ја доби жалбата против депортацијата од Австралија

Новак Ѓоковиќ ја доби жалбата против депортацијата од Австралија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот