Ѓоковиќ не ги понуди потребните докази за да добие виза

Новак Ѓоковиќ
Бидејќи не беше вакциниран против ковид-19 не настапи на „Австралија опен“/ Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Австралиската гранична полиција (АБФ) потври дека му е укината визата на Новак Ѓоковиќ бидејќи не понудил доволно докази.

Сагата околу Ѓоковиќ заврши пред еден час кога австралиската влада одлучи да не му дозволи на Ѓоковиќ да ја прави титулата на Австралија Опен, иако претходно доби дозвола за влез со медицинско изземање која ја потврдија две независни лекарски комисии во Австралија.

– АБФ ќе продолжи да се грижи за тоа сите кои ќе дојдат на нашата граница да ги почитуваат нашите закони и услови за влез во земјата. АБФ може да потврди дека господин Ѓоковиќ не ги понуди потребните докази за кои би го исполнил критериумот за влез во Австралија и затоа неговата виза е укината. Сите кои не се државјани на Австралија и немаат валидна виза или визата им е укинаѕа, ќе бидат депортирани од Австралија. АБФ може да потврди дека господин Ѓоковиќ имаше пристап до својот телефон“, соопшти АБФ.

Сè уште постојат минимални шанси за преиначување на одлуката, а тоа е жалбата која ја поднесоа неговите адвокати. Ѓоковиќ ќе остане во Мелбурн се до излегување пред судот кој ќе ја донесе конечната одлука, дали Новак ќе биде депортиран од Австралија или ќе добие можност да ја брани титулата на гран слем турнирот во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот