Ѓоковиќ ќе испадне од Топ 10 доколку не му дозволат да игра на УС Опен?!

Неизвесно е дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија опен“/ фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Како што стојат работите, сè помалку има шанси Новак Ѓоковиќ да настапи годинава на „УС Опен“, а последици од таквиот епилог ќе биде новиот пад на српскиот тенисер на АТП листата.

Имено, главна пречка на Ѓоковиќ е забраната на американската влада, со оглед на тоа што тој е невакциниран странец, и како таков не може да влезе на територијата на САД.

Иако бројни јавни личности, но и обожаватели ширум светот жестоко ја критикуваа американската влада за ваквата одлука, се чини дека во таа ситуација ќе биде тешко да се промени нешто.

Доколку не настапи на „УС Опен“ (29 август – 11 септември 2022), Ноле ќе испадне од Топ 10, а голема одговорност за тоа сноси и самата АТП.

Имено, да не беше лудата одлука сезонава да не брои бодови на „Вимблдон“, Новак немаше да падне на седмото место, а со тоа и да не испадне од Топ 10 по пропуштањето на „УС Опен“.

Да напоменеме и дека Ѓоковиќ од лани го брани финалето на УС Опен и 1,200 поени. Тоа значи дека наместо досегашните 4,770 поени, ќе има 3,570. Според моменталната состојба на АТП листата, тоа би било доволно за деветтото место, бидејќи сега осмиот Андреј Рубљов има 3,575 бодови.

Последен пат Ѓоковиќ отпадна од Топ 10 тенисери на планетата во 2017 година, кога пропушти неколку турнири поради повреда на лактот и заврши на 12 место на АТП листата. Пред тоа имаше најнизок ранг во 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот