Ѓоковиќ и покрај поразот на „УС Опен“, оствари неколку рекорди во Њујорк

Новак Ѓоковиќ имаше импресивна година кога се во прашање грен слем турнирите/Њујорк, САД/12 септември 2021/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Новак Ѓоковиќ не го освои грен слем турнирот „УС Опен“ и на тој начин биде само вториот играч кој успеал да дојде до „календарскиот слем“.

Но, и покрај тоа, српскиот ас и моментно најдобар светски тенисер на АТП ранг листата надмина неколку рекорди во Њујорк.

Ѓоковиќ го одигра своето 31 грен слем финале, со што се изедначи со Рожер Федерер (Швајцарија). Но, тој беше поразен во мечот за трофејот од Русинот Данил Медведев трипати со 6:4 во сетови.

Ноле исто така го одигра своето деветто финале на Флешинг Медоус (учинок 3-6) и е единствен по тоа, бидејќи никој не одигра повеќе мечеви кои го решаваат шампионот на „УС Опен“.

Вујкото на Надал тврди: Поразот на Ѓоковиќ во Њујорк највеќе им одговараше на Рафа и на Рожер

Со победата над Александар Зверев (Германија) во полуфиналето стигна до 225 победа против тенисер од Топ 10, што го остави Федерер зад себе (224).

Многу експерти веруваат дека Србинот не треба да биде незадоволен што не го освои Отвореното тениско првенство во САД, бидејќи имаше импресивна година кога се во прашање грен слем турнирите (27 победи, еден пораз).

Моментно се одмора и сè уште не е познато какви се неговите планови за продолжување на сезоната. Од големите турнири, останува да се играат Мастерсите во Шангај, Индијан Велс и Париз, како и завршниот Мастерс во Торино.

Вујкото на Надал тврди: Поразот на Ѓоковиќ во Њујорк највеќе им одговараше на Рафа и на Рожер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот