Вујкото на Надал тврди: Поразот на Ѓоковиќ во Њујорк највеќе им одговараше на Рафа и на Рожер

фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Тони Надал кој му е вујко но и поранешен тренер на Рафаел Надал, во колумна пишуваше за финалето на УС опен во кое Новак Ѓоковиќ загуби од Данил Медведев и пропушти да стане првиот тенисер по Род Лејвер од 1969 година кој го освоил календарскиот слем.

Вујкото на шпанскиот тенисер смета дека и Рафа и Рожер Федерер „здивнаа“ по поразот на Ѓоковиќ бидејќи не успеа да им избега по бројот на грен слем титули. Сите тројца тенисери досега имаат освоено по 20 грен слем титули.

Верувам дека и Рожер и Рафа ќе „здивнат“. И Надал и Федерер сега мора да се чувствуваат малку посилни за трката која претстои“, пишува Тони Надал во колумната за весникот „Ел Паис“.

Тој исто така прогнозираше што би можело да се случува во наредниот период.
„Ѓоковиќ ќе се соочи со болниот пораз, но ќе ја крене главата и ќе тргне во новата сезона. Федерер и Надал ќе го обноват свјот борбен дух пред се за да се изборат за опоравувањето од повредите. „Големата тројка“ ќе продолжи да им дава причини на нивните фанови да продолжат да ги поддржуваат и следат уште некои време“.

Тони Надал кој сега е тренер на Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, потоа повторно се осврна на поразот на Новак Ѓоковиќ во Њујорк.
„Понекогаш дури и на големите шампиони им попуштаат нерците и ги попречуваат да го издржат притисокот во одреден момент. Тоа во Њујорк му се случи на Новак Ѓоковиќ. Беше свесен дека се соочува со најважниот меч во животот и со кој требаше да ја заврши дебатата која беше присутна во тенискиот свет, а тоа е кој е најдобриот тенисер на сите времиња, Новак, Рожер или Рафа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот