Ѓоковиќ го дозна првиот ривал на турнирот во Дубаи

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ се враќа на тениските терени/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

И официјално е одржана жрепката за претстојниот турнир во Дубаи во машка конкуренција (21-26 февруари 2022 год.), а на кој ќе настапи и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Прв противник на српскиот ас ќе биде Италијанецот Лоренцо Мусети, моментно 57 играч на АТП ранг листата и кој го доби специјална покана за настап на овој турнир.

Доколку Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога, во следната фаза ќе се соочи со подобриот од дуелот Карен Хачанов – Алекс де Минор.

Специјални покани или „вајлд-кард“ за учество во Дубаи добија уште Енди Мареј и Малек Џазири.

Ѓоковиќ досега вкупно петпати го освојуваше турнирот во 2009, 2010, 2011, 2013 и 2020 година. Рекордер е Швајцарецот Рожер Федерер со осум трофеи.

Титулата ја брани Аслан Карацев кој лани во финалето го совлада Лојд Херис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот